Сопартијци на Меркел бараат да се намали извозот на германско оружје
Членови на телата на германската Христијанско - Демократска Унија на канцеларката Ангела Меркел започнаа кампања со која треба да се намали извозот на оружје на Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Иницијативата за намалувањето на извозот на оружје во странство започна со петиција на социјалната мрежа фејсбук подготвена од локалниот клуб на ЦДУ во градот Швенке во западниот дел од земјата. Во неа канцеларката Меркел се повикува да се намали неконтролираниот извоз на таканаречено „мало оружје“ низ светот затоа што оружјето што го извезува и Германија ги разгорува конфликтите низ светот и предизвикува зголемен број на бегалци кои што пристигнуваат во земјата.
Според иницијативата, Германија треба да ја преиспита својата улога како еден од главните извозници на оружје, а владејачката партија да ги вметне христијанските вредности и да почне одговорна политика при извозот на оружје.
Според официјалната статистика, минатата година Германија извезла мало оружје во вредност од 47 милиони евра од кои 16,4 милиони евра се платени од земји надвор од ЕУ.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени