Македонија
25. April 2017 - 11:57

Соопштение за летните балетски школи на Bullfrogs Ballet School

Интернационалното балетско училиште Bullfrogs Ballet School трета година по ред ја одржува интернационалната летна балетска школа во Охрид, за сите заинтересирани вљубеници во балетот и танцот на возраст од 5,5 до 16 години. Оваа година ќе се одржат три летни школи и тоа од 20-27 јуни за почетно ниво (од 5,5 до 8 години) , од 28 јуни до 5 јули за средно ниво (од 8 до 10 години) и од 20 до 28 август за напредно ниво (од 10 до 16 години).

Оваа година, секоја летна школа ќе опфати три различн програми: класичен балет и техника за балетски развој (Progressing Ballet Technque - PBT) со Александра Никифоровски, уметнички директор на Bullfrogs Ballet School и сертифициран ПБТ предавач, и современ и модерен балет со Александра Димитриевска од балетското студио Ултра од Куманово.

Новитет во програмите оваа година е ПБТ техниката, која прв пат се воведува во Македонија оваа година. Покрај тоа што им овозможува на децата да напредуваат во балетот преку развивање на мускулна меморија, техниката содржи и корективни вежби за грбни искривувања и искривувања на нозете.

Дополнителната специфичност на Bullfrogs летните балетски школи се состои во тоа што покрај едукативниот аспект и балетските часови се одржуваат разни работилници кои ја развиваат креативноста на учениците. Програмата на летните школи е дизајнирана според возраста и знаењето на учениците, а опфаќа часови по класичен балет, современ и модерен танц, флексибилност и растегнување и ПБТ – техника за балетски развој. Покрај тренинзите, летната школа вклучува и слободно време за дружба и за неформални активности. Во одредени денови има и прошетки низ градот, но и денови предвидени за одмор и релаксација на плажа.

Bullfrogs Ballet School е основано во 2009 година и работи според високи европски и светски стандарди. Од 2015 година секое лето организира најмалку две интернационални летни балетски школи во Охрид, под водство на уметничкиот директор на ББС Александра Никифоровски. За повеќе информации околу летните школи и како да аплицирате, посетете ја веб-страната на Булфрогс Балет – www.bbschool.mk.

.be