Македонија
21. January 2017 - 12:34

Сообраќајот во зимски услови, магла со видливост до 100 метри во Кочани

ЈП Македонијапат во пладневниот извештај соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нивните дежурни екипи. Магла со видливост до 100 метри има во Кочани. 

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонијапат информира дека нивни  екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.