Македонија
26. јуни 2017 - 9:02

Сообраќајот со умерен интензитет и по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ. 

Сообраќајот на патниот правец Неготино–Демир Капија, на делот од Неготино до местото викано Острово, ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 километри по што повторно ќе се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.