Македонија
8. February 2018 - 18:30

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

 Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози, додека на повисоките планински и осојничави места коловозите се влажни.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

На патниот правец А-2 Кичево-Охрид, помеѓу планински превој Пресека и село Врбјани, поради изведување градежни работи на патот одноно минирање, утре во периодот помеѓу 12.00 и 15.00 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.