Македонија
28. September 2015 - 8:27

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.         

Како што информира АМСМ, поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје, од Штипска клучка до тунелот Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.