Македонија
13. November 2016 - 9:59

Сообраќајот се одвива без забрани

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани по наместа влажни коловози.

Авто мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење особено низ клисурите. На оние места каде се изведуваат градежни активности е поставена соодветна сигнализација.

Надвор од градските средини интензитетот на соообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.