Македонија
4. јуни 2017 - 9:37

Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Како што информира, во клисурите и засеците е можна почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.   

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премининема подолги задржувања за влез и за излез од државата.