Македонија
11. February 2018 - 19:01

Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот, каде интервенираат дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. 

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Павлешенци и Кула, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Стража, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец село Шипковица – Попова Шапка.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.