Македонија
19. December 2017 - 18:46

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот во државата се одвива тековно по наместа влажни коловози.

На патниот правец Тетово-Попова Шапка на делницата село Лисец-Попова Шапка поради појава на магла видливоста е намалена од 40 до 50 метри.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.