Македонија
10. April 2016 - 9:46

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловозиинформираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.