Македонија
10. March 2016 - 15:02

Сообраќајот на патот Кочани-Делчево во прекин поради голем одрон

На патниот правец Кочани – Делчево во близина на с.Калиманци од 13 часот, поради поголем одрон сообраќајот е во прекин, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Екипите на ЈП Македонијапат интензивно работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.