Македонија
1. February 2017 - 17:01

Сообраќајот кај ГП Богородица – Евзони во прекин – Продолжува блокадата на грчките земјодечци

Продолжуваат блокадите кои грчките земјоделци ги поставија на граничниот премин Евзони на македонско грчката граница . Поради нив сообраќајот на овој граничен премин втор ден е во целосен прекин за сите видови возила, а границата може да се помине единствено пеш.

На македонска страна е празно бидејќи граѓаните кои имаат потреба да заминат во Грција тоа го прават преку граничните премини Дојран и Меџитлија каде нема блокади и сообраќајот се одвива нормално.

Засега нема информации до кога ќе трае блокадата која грчките земјоделци ја поставија во знак на протест и незадоволство од полтиките во земјоделството на тамошната влада. Македонските погранични служби информираат дека тие се во постојан контакт со нивните грчки колеги, но и од таму нема информација кога ќе биде отстранета блокадата бидејќи синдикатот на земјоделците сеуште се нема изјаснето.

Според информациите кои ги пренесоа дел од грчките медиуми фармерите доцна попладне треба да одржат состанок на кој ќе биде донесена одлуката за нивните следни чекори.