Македонија
24. March 2018 - 9:15

Сообраќајот без забрани, по влажни коловози

Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет рано утринава имало во Крива Паланка, Страцин и Стојмирово.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека  на некои од повисоките места наместа има остатоци од кашест снег на коловозот и по интервенцијата на дежурните екипи на „Македонија пат“.