Македонија
23. September 2017 - 17:10

Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Ново Лисиче

Попладнево, во населбата Ново Лисиче на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила.

Автомобил од марката „БМВ“ се забил во џип, а при сообраќајката настанале големи материјални штети.

Полицијата врши увид на лице место.

Сѐ уште нема информации дали има повредени лица. Детали се очекуваат подоцна.