Македонија
30. April 2016 - 17:25

Сообраќајна култура од најраната возраст во Велес за намалување на бројот на сообраќајки и жртви

Се зголемува нивото на сообраќајна култура во Велес. Младите уште од најмала возраст ги учат правилата за безбедност. Освен ова, се едуцирааат и за однесување во јавниот транспорт.

Од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот велат дека познавањето на правилата и прописите го заштитува животот на младите но, и на останатите учесници во сообраќајот.

Реализацијата на едукативни и превентивни мерки треба да го намали бројот на казни за непочитување на правилата во сообраќајот. Моторџиите апелираат за носење заштитен шлем оти казната за овој прекршок изнесува 50 евра.

Инаку според статистиката на МВР, лани во велес имало скоро 400 сообраќајки. Во нив животот го загубиле петмина..