Македонија
17. January 2018 - 11:28

Сообраќајка во Скопје - жена итно пренесена во болница со тешки телесни повреди

Околу 12 часот и 15 минути во Скопје на булеварот „АСНОМ“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од 63-годишниот Љ.К. од Скопје, возило „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишната Н.Ф. од Скопје и паркирано возило „Алфа Ромео“ со бугарски национални ознаки сопственост на 37-годишниот Л.Г. 

Во незгодата Н.Ф. се здобила со тешки телесни повреди (фрактура на ребра).

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.