Македонија
24. February 2016 - 17:28

Сообраќајка на патот Скопје-Велес, скопјанец се бори за живот

Осумдесет и три годишниот Љ.С. од Скопје се наоѓа во животна опасност по сообраќајна несреќа која вчера околу 12:30 часот се случила на регионалниот пат Скопје – Велес.

Од МВР денес информираат дека сообраќајката се случила меѓу автомобил „Опел Синтра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С. (38) од Кочани и мопед „Томос А-3“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.С. (83) од скопско Ржиничино.

Во незгодата Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде се наоѓа во животна опасност.