Македонија
19. August 2015 - 15:09

Сообраќајка на кружниот тек во Автокоманда, сообраќајот закочен

Сообраќајот пред кружниот тек во Автокоманда во насока накај хотел Континентал е закочен поради сообраќајка која се случила пред малку. 

Автомобилите кои се движат во таа насока се принудени да се качат на тротоарот за да поминат. Нема информација за повредени лица а се чека на полицијата за да изврши увид на местото на настанот.