Македонија
13. September 2017 - 8:28

Сончево време со свежи утра и температура до 32 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а претпладне на југозапад со умерен западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.
 
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната температура од 25 до 32 степени.
 
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 30 степени.
 
Следува период на сончево време со свежи утра, а преку денот ќе биде се потопло. За време на викендот дневните температури насекаде ќе бидат над просекот, а тогаш се очекува и умерен до засилен ветер од југозапад.