Македонија
21. February 2017 - 11:49

Сончево, в сабота дожд

Времето во Македонија до петок ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринската температура ќе биде од минус три до четри степени, а дневната од 12 до 19 степени. 

В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег.

Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.