Македонија
20. October 2017 - 8:44

Сончево и топло време, заладување од следната недела

Сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 26 степени.

До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник кога ќе дува и засилен северен ветер.