Сончево и топло време, температура до 30 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските региони на југозапад.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната од 19 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната до 28 степени.
Во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба кај нас. Во предпладневните часови ќе преовладува малку до умерено облаччно време и релативно топло за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален краткотраен дожд наместа проследен со ретки грмежи. Дневната температурата на воздухот од петок ќе биде во постепено опаѓање, но сеуште ќе има повремени локални врнежи од, освен за викендот кога се очекува извесно преодно стабилизирање на времето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица