Македонија
7. July 2015 - 8:22

Сончево и топло време со температура до 37 степени

Скопје, 7 јули 2015 (МИА) – Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со мала облачност и со слаб повремен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен,  а дневната од 31 до 38 степени.  

Во Скопје сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во среда и во четврток времето ќе биде потопло и се очекува позначителен пораст на дневните температури. Во четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален повремено пороен дожд и појава на грмежи. Во петок дневната температура ќе се спушти за три до четири степени. Во сабота времето повторно ќе биде стабилно и потопло.