Македонија
15. September 2017 - 8:35

Сончево и топло, температура до 34 степени

 Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од шест до 17, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од  28 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тиоло со слаб ветер од североисточен правец. Температурите ќе се движат од 12  до 33 степени.

До недела ќе преовладува сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а услови за слаб локален дожд и позначително опаѓање на температурата се очекува од вторник