Македонија
19. September 2017 - 8:37

Сончево и топло со температура до 34 степени

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност и умерен југозападен ветер, повеќе изразен во западните делови. УВ индексот ќе има вредност 6.

Температурата ќе се движи од 23 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и умерен југозападен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени. 

Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи. В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд и умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне и тоа за 10 до 12 степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.