Свет
14. December 2017 - 16:40

Сомнителни пакети во конзулатите на Франција и Германија во Истанбул

 Турската полицијата денеска реагираше откако сомнителни пакети пристигнале во конзулатите на Германија и Франција во Истанбул, јави турската телевизија Ен-Ти-Ви.

Полицијата ги блокира реоните околку двата конзулати и во објекти беа испратени експерти за демонтирање бомби.

Во случајот во германскиот Конзулат, примениот пакет бил уништен во контролирана експлозија, по што се утврдило дека се работи за новогодишен подарок во кој имало слатки и парфем.