Сомнителен пакет откриен во нуклеарка во Белгија
Во белгиската нуклеарна електроцентрала „Тианж“ денеска бил откриен сомнителен пакет, по што на местото се испратени воени и полициски екипи, а се очекуваат и деминери, јавија локалните медиуми.
Дел од вработените во централата биле евакуирани, но таа продолжила да работи.
Според сведоци на настанот, пакетот бил откриен од куче дресирано за пронаоѓање сомнителни пратки.
Медиумските информации за сомнителниот пакет, досега не се официјално потврдени ниту полицијата, ниту од раководството во централата.
„Тианж“, која е една од двете нуклеарки во Белгија, се наоѓа близу Лиеж. Пред повеќе од една година белгиските медиуми објавија дека терористите кои го извршија нападот во Париз во ноември 2015 година, подготвувале напад и врз нуклеарна централа, најверојатно во Белгија.
Тогаш медиумите информираа дека при истрагата за нападот во Париз, бил откриен видеозапис од набљудување на домот на директорот на белгиската програма за изтражување и развој на атомската енергија.
Неодамна белгиските медиуми објавија дека некои вработени во атомските централи биле отпуштени од работа, откако биле осомничени за радикализација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните