Свет
22. February 2018 - 17:34

Сомнителен пакет испратен до принцот Хари и Меган Маркл

Лондонската полиција денеска соопшти дека до принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл бил испратен сомнителен пакет. 

Во полициското соопштение се наведува дека пакетот, што содржел „непозната супстанца“, бил адресиран до палатата Сент Џејмс, каде се наоѓа канцеларијата на принцот Хари.

По проверката на супстанцата било утврдено дека таа не е опасна, се вели во соопштението, при што се додава дека полицијата истражува и „дали имало злонамерна комуникација“.

Според весникот „Ивнинг Стандар“, во пакетот, освен сомнителната супстанца, се наоѓала и порака со расистичка содржина. 

Принцот Хари и Маркл ја закажаа својата венчавка за 19 мај во замокот Виндзор.