-->
-->
„Солзите на св. Лоренс“- Овој викенд небото ќе ни приреди спектакуларна глетка
-->
„Солзите на св. Лоренс“ е името на една од најспектакуларните глетки на ноќното небо што можете да ја погледнете во текот на викендот.
„Солзите на св. Лоренс“ е годишен метеорски дожд и спаѓа меѓу најсветлите и највидливите метеорски феномени, а на небото најубаво ќе се гледа помеѓу 11 и 13 август.
До метеорскиот дожд доаѓа кога Земјата поминува низ остатоците што се создаваат во орбитата од секој метеор, а во овој случај од кометата Свифт-Татл. Поради перспективата, метеорските дождови оставаат впечаток дека доаѓаат од една точка на небото што се нарекува радијант. Просечниот метеор настанува од честичка со големина на зрно песок што гори при влегување во атмосферата на Земјата со брзина од 215.000 километри на час.
„Солзите на св. Лоренс“, познати и како Персеиди, потекнуваат од соѕвездието Персеј. Најдобриот период за нивно набљудување од северната хемисфера ќе биде во текот на вечерните часови в петок, во 2:00 часот, па до зорите.
Кометата Свифт-Татл е најголемиот познат објект што редовно поминува покрај Земјата, а нејзиниот дијаметар изнесува 26 километри. Кометата прави цел круг околу Сонцето на секои 133 години. Минувајќи низ внатрешниот дел на Сончевиот Систем, се загрева и зад себе остава честички во орбитата. Последниот пат кога била најблиску до Сонцето било во декември 1992 година, а повторно ќе дојде на оваа позиција во јули 2126 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово