Кошарка
24. јуни 2017 - 10:40

Соколи без договор со Николиќ

Српскиот тренер Драган Николиќ повеќе не е тренер на освојувачот на Купот на Македонија, Карпош Соколи.
 
Николиќ ќе влезе во историјата на Карпош Соколи како тренер кој го освоил првиот трофеј, а беше блиску и до титулата во домашното првенство, но во пет натпревари МЗТ успеа да ја одбрани титулата.
 
Исто така „соколите“ во деби сезоната во АБА лигата успеа да избори опстанок во лигата.
 
Клубот соопшти дека по долгите и интензивни преговори со тренерот Николиќ не вродиле со плод.
 
Заминувањето на Николиќ од Карпош Соколи, во Србија ги зголеми шпекулациите дека тој ќе го наследи Александар Џикиќ на клупата на Партизан.