Loading Video...
Свет
14. October 2017 - 17:34

Сојузниците предупредуваат: Повлекувањето на САД од договорот со Иран води кон војна

Американскиот претседател ДоналдТрамп се закани дека ќе го откаже нуклеарниот договор со Иран ако не  се преземат санкции. Трамп се закани  дека во секој момент може да стави крај на меѓународниот договор кој има за цел да го спречи Иран да направи атомска бомба. Тој му дал на американскиот Конгрес 60 дена да одлучи дали да ги преземе економските санкции за Техеран, кои беа укинати кога беше потпишан договорот пред две години.Ако не, САД  ќе се повлечат од договорот.

Иранскиот претседател, Хасан Рухани, го возврати ударот, велејќи дека говорот на Трамп е полн со  неосновани обвинувања и дека мултинационалниот договор не може да биде отповикан од една нација. Москва исто така го изрази своето негодување, а истото го стори и шефицата на дипломатијата на ЕУ  Федерика Могерини . Таа предупреди дека ова е обид да се растури договор кој функционира и ги исполнува дадените ветувања.

Британската премиерка Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон испратија соопштение во кое се вели дека нивните земји го поддржуваат договорот  и повикаа на «целосна примена на договорот од сите потписнички»., Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека ако САД се повлечат од нуклеарниот договор со Иран или повторно му воведат санкции, Техеран може да произведе нуклеарно оружје, а тоа ќе ја приближи опасноста од војна кон Европа,

Но, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му испрати честитки на Трамп поради «храбрата одлука». Истото го стори и Саудиска Арабија.Пентагон соопшти дека врши ревизија на сите безбедносни соработки и планови како би ја поддржала новата стратегија на претседателот на САД, Доналд Трамп, во однос на Иран.  

Техеран и Вашингтон ги прекинаа дипломатските односи во 1980 година по исламската револуција од 1979 година. Договорот е потпишан во 2015 година по 13 годишни интензивни преговори.