Македонија
23. јуни 2017 - 14:06

Соголен до гола кожа, се што печалел крадци му го однесоа за миг

Вчера во 10.30 часот во Полициско одделение Осломеј било пријавено дека во с.Аранѓел, кичевско, во куќата сопственост на С.А. (59) непознат сторител извршил тешка кражба.
 
Сторителот влегол внатре и одзел 15.000 евра, 2.550 швајцарски франци и поголема количина златен накит, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 евра.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.