Балкан
30. May 2016 - 12:29

Софија изгради уште 35 км ограда на границата кон Турција

Бугарија изгради уште 35 километри ограда на границата со Турција во регионот на Јамбол за да спречи илегални преминувања на мигранти.

Во истата област веќе постои ограда со должина од 30 километри.

- Изграден е и пат, рече регионалниот гувернер Димитар Иванов додавајќи дека поради тешкиот и непристапен терен како и непостоечка сообраќајна инфраструктура, изградбата била сложена.

Бугарија гради ограда на границата со Турција во регионот на Бургас, Јамбол и Хасково.