Бизнис
20. March 2017 - 20:46

Социо-економски совет: Да се зголеми минималната плата

Зголемување на минималната плата  и еднакви права на вработените во сите дејности. Од економско социјалниот совет се согласнид дека минималецот треба да расте. Висината да не се утврдува паушално, туку да биде договорена меѓу социјалните партнери. Зголемувањето да не влијае на работодавачите.

Според податоците околу 20 илјади  договори за вработување годишно се на определено. Советот ќе  инсистира периодот во кои вработените се на определено да се намали од 5 на 3 години.

Најголем пораст на платите има во трудоинтензивните дејности. Причина за тоа е што се помалку млади одлучуваат да работат во овие сектори. Од советот сметаат дека растот на примањата ќе се спречи и нивниот одлив во странство.

Од советот ќе се залагаат во иднина и вработените во индустриските зони да бидат опфатни со законот за минимална плата и колективното договарање.