Бизнис
16. March 2017 - 9:00

Социјални бизниси за решавање општествени проблеми

„Генерирање идеи и бизнис модели“ е темата на работилницата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) и Сеавус Инкубатор, во соработка со Млади Инфо.

Работилницата е наменета за претприемачи и стартапи коишто се занимаваат со социјално претприемништво. Целта е да се поттикне претприемачкиот дух за отворање социјални бизниси кои решаваат општествени проблем. Овие бизниси кои денес сочинуваат помалку од пет проценти и во најразвиените земји во светот, посочуваат организаторите, се иднината на т.н нови бизниси.

Покрај запознавањето со оваа проблематика, на учесниците ќе им се помогне преку практична работилница да развијат идеја и бизнис модел со кои ќе можат да аплицираат за Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award Македонија.