Македонија
20. September 2017 - 16:09

Собраниската комисија го потврди кандидатот на БЕСА за ДИК

Бедредин Ибраими од ДПА излегува,  а на негово место во државната изборна комисија ќе влезе Ермира Асани Салија од БЕСА.

Последните резултати од парламентарниет избори, според кои ДПА ја загуби четвртата позиција од групата најголеми партии, повлече и променми во составот на ДИК. Таа позиција сега ја има Движењето БЕСА.

Собраниската комисија за именување на денешната седница го потврди предлогот Салија да биде нов член на Државната изборна комисија.

Ермира Асани Салија е дипломиран правник од Гостивар и член на Централното претседателство на партијата.

Одлуката за промена на составот на ДИК, пред антикорупциска го обжали Бедредин Ибраими, повикувајќи се на членот од Изборниот Законик кој забранува назначувања на нови функции по распишувањето на изборите, 

Но антикорупционерите сметаат дека приговорот на Ибраими е неоснован.