Македонија
13. јуни 2016 - 16:24

Собранието расправа за импичмент на Иванов

Импичментот на Иванов поттикна жестока дискусија меѓу пратениците во македонскиот Парламент. На првиот ден од собраниската расправа за покренување постапка за утврдување на одговорноста на македонскиот претседател, предлагачите претставувани од Рената Десковска порачаа дека никој не смее да биде над Уставот и законите.

Според нив обврска на пратениците е да ја вратат како што велат загубената доверба на граѓаните во Законодавниот дом.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, нагласи дека Иванов во ниту еден момент не го прекршил Уставот и законите.

Според Димовски кога станува збор за легитимитетот на претседателот говори фактот што Иванов има повеќе гласови од партиите кои ја покренаа иницијативата за импичмент.

Зоран Илиоски пак како претседател на ад хок комисијата која ја оценуваше основаноста за покренување постапка, на пратениците им ги презентираше комисискитe заклучоци кои водат во насока дека предлогот на СДСМ, ДУИ у ДПА не е основан.

Инаку за збор во Собранието се пријавени речиси сите пратеници поднесители на импичментот, што според службите во законодавниот дом кои велат дека нема ограничувања во дискусиите значи дека сеуште не се знае точниот рок во кој ќе заврши расправата.