Собранието по редовната пауза ќе ја продолжи расправата за разрешување на Зврлевски
Серија од реплики и контрареплики меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го одбележаа денешното продолжение на шестата собраниска седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Седницата ќе продолжи по редовната пауза.
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.
Барањето на Владата, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирано. Тие се повикуваат на членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избори.
Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ намерно се форсира оваа расправа во Собранието со цел, како што рекоа, да се дефокусира јавноста од актуелните теми, како задолжувањето, пожарите, стратегијата за бегалци... Опозицијата вели дека Марко Зврлевски ќе биде разрешен, ама после 16 октомври, како што е предвидено со Изборниот законик.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, во процедурално обраќање, повторно посочи дека пратениците од владејачкото мнозинство ќе се откажат од нивните говори со цел побрзо да биде разрешен Зврлевски и да биде избран нов државен јавен обвинител за да почнат реформите во правосудството.
- Си го трошиме и времето и парите. Време е да се тргне кон реформите кои ги очекуваат граѓаните, изјави Тунтев.
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, во процедурално обраќање, повика на смиреност и да не се подгрева атмосферата во Собранието.
Пратеничката Затуровска Лилјана од ВМРО-ДПМНЕ, во своето обраќање рече дека единствена реформа на СДСМ е разрешувањето на Марко Зврлевски и дека првите чекори на новата Влада се партизација на судството и реваншизам.
Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ, на тоа реплицираше дека во текот на кампањата дале збор за реформи и напредок и дека за Македонија да оди напред мора, како што рече, да завршиме со вашите инсталации.
- Еднаквоста ќе дојде многу скоро. Се е околу граѓаните и добриот живот. Освен слободата и еднаквсота, мора да дојде и правдата. Со Марко Зврлевски нема правда. Прво мора разрешување на Зврлевски. Откажете од репликите и овој театар. Да ја завршиме оваа точка и да одиме напред, рече Атанасов.
На дневен ред на шестата собраниска седница има уште 30-тина точки меѓу кои и Годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година, предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година, предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година,...
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка