Македонија
24. August 2017 - 16:12

Собранието ќе одлучува дали да распише оглас за нов јавен обвинител

Предлог огласот за нов јавен обвинител од Владата стигна во Собранието. Талат Џафери веќе и го распореди како точка на дневен ред за првата седница по одморот на пратениците односно за четврти септември.

Очекувањата се дека тоа ќе биде нова маратонска седница поврзана со јавниот обвинител по онаа за разрешувањето на Зврлевски, а која траеше месец и половина. Причината повторно би била дилемата дали е законска постапката за избор на обвинител во време кога се распишани избори.

Ова уште повеќе поради мислењето на Антикорупциската комсија издадено при разрешувањето на Зврелвски, а во кое децидно стои дека постои законска пречка паралементот да врши именувања и разрешувања на функцинери од денот на распишувањето на изборите – 6 август, до нивното одржување 15 октомври.

Џафери тогаш не го почитуваше ваквото мислење со образложение дека не е обврзувачко за парламентот бидејќи законодавниот дом не е споменат во одредбите од Изборниот законик.

Во меѓувреме Советот на јавните обвинители денеска не успеа да обезбеди кворум со кој ќе одреди вршител на функцијата јавен обвинител, па останува Зврлевски и понтаму да го менува обвинителката Лилјана Спасевска.

Нов обид за тоа претседателот на Советот Аневски закажа за во вторник. Тој најави дека в.д. обвинителот ќе се избира од редовите на обвинителите во републичкото обвинителство.

-Во републичко обвинителство сега има седум-осум обвинители, но на некои им е во мирување местото како на Гешовска, Илиевски и др...кои не влегуваат во трката за в.д., изјави Аневски.

Иако огласот се уште не е објавен, за трката за наследник  на Зврлевски веќе се пријавија адвокатите Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков, професорот Сејфула Османи, нотарката Лорија Ваневска.