Бизнис
18. November 2017 - 16:31

Собранието ја усвои прераспределбата на 1,6 милијарди денари меѓу буџетските корисници

Околу 26 милиони евра  од Буџетот ќе се пренаменат за враќање на заостанати долгови.  Собранието ја изгласа одлуката со која се кратат околу 4 милиони евра субвенции за исплата на минималецот, се намалува и износот за изградба на студентски домови, канализација и други проекти.

Со овие пари ќе се исплатат долгови за Македонската филхармонија, опрема во МВР, Албанскиот театар и библиотеката  во Тетово.

Министерот за финансии посочи дека се крати од ставки кои нема да се реализираат до крајот на годината, а со парите ќе се отплатат заостанатите обврски. Од опозицијата пак посочија  дека одлуката за прераспределба на средствата ги покажува слабостите при планирање и реализација на прокетите.

Според Тевдовски со отплата на долговите ќе се обезбедат заштеди во следните 10 години како резултат на избегнување на плаќање на камати и судски трошоци за ненавремено подмирено обврски.

Собранието ја изгласа одлуката со Со 51 глас „за“, ниту еден „против“ и 25 „воздржан.