Loading Video...
Македонија
11. November 2015 - 19:18

Собранието ги избра новите министри

Собранието ги избра новите министери и нивните заменици. Кабинетот на Премиерот Никола Груевски доби нов состав.

Народните избраници дадоа зелено светло на договорот од Пржино. Со 101 глас за, нов министер за внатрешни е Оливер Спасовски, за труд и социјала Фросина Ременски.

На испразнетото место министер за информатичко и администарција доаѓа досегашната заменичка Марта Томовска, но таа  ги доби само гласовите од владејачкото мнозинство, опозицијата не ја поддржа бидејќи според нив тие не се коалиција со ВМРО и не гласаат министери за кои не се договориле.

Заменик министер за финансии е Кире Наумов, во земјоделие Љупчо Николовски во инфиорматичко Алкесандар Кирацовски.

Досегашните министери Митко Чавков и Диме Спаов се доплнителни заменици во ресорот кој го водеа, а Тимчо Муцунски е замена во информатичко.

Премерот Груевски од новите министери очекува да бидат фокусиранио на изборниот процес и да не ги кочат проектите на владата, кои им се ветени на граѓаните и да работат одговорно и посветено.

За ВМРО ДПМНЕ граѓаните ќе си го кажат последниот збор на 24 април со што ќе ја казнат политиката на штетното владеење на  социјадемокартите.

За  СДСМ пак новите министери се почеток на враќањето на довербата во институциите.

Според лидерот на СДСМ новите министери се гаранција за почитување на законите.

Министерите и замениците најавија дека од утре ја превземаат фунцијата и стартуваат со работа.