Македонија
17. August 2017 - 11:12

Собрани над 4 тони опасен отпад во општина Аеродром

Околу 4 тони опасен отпад е собран во еко-акцијата што летово ја организираа општина Аеродром и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“. Граѓаните имаа можат бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата. 

Граѓаните, како што соопшти општина Аеродром, ги пријавуваа старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат на телефонскиот број во најблиската урбана заедница (http://aerodrom.gov.mk/page/urbani-zaednici) или во „Нула отпад“ на 02/3256-309.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи. Под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.