Соботка: Ако нема контрола на турско-грчката граница, В4 ќе се фокусира на Македонија и Бугарија
Земјите од Вишеградската група (В4) имаат подготвено варијанта, според која, ќе ја зајакнат контролата на јужните граници на Македонија или Бугарија, доколку во текот на февруари не профункционира договорот за заштита на турско-грчката граница, изјави чешкиот премиерот Бохуслав Соботка.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, во кусо интервју за Чешката државна телевизија (ЧТ), Соботка рече дека не смее да се повтори ситуацијата од минатата година, кога преку балканските земји во Средна Европа, без поголема контрола пристигнаа стотици илјади бегалци.
- Турција има доволно средства за да ја стави бегалската криза под контрола. Многу поедноставно е да се спречат чамците да отпловуваат од турскиот брег, отколку да се враќаат од грчкиот брег, додаде чешкиот премиер.
Тој потенцира дека доколку регулацијата на грчко-турската граница не започне да функционира, земјите од В4 (Чешка, Словачка, Полска, Унгарија) ќе посветат внимание на други држави, односно на Бугарија и Македонија, каде што сакаат персонално да ја зајакнат безбедноста.
- Ако до февруарскиот Европски совет нема резултати со Турција и Грција, државите на В4 ќе ја предложат оваа алтернатива, а тоа несомнено е притисок врз Грција и Турција, да преземат чекори за регулација на бегалската криза, оцени Соботка.
Чешката влада уште во декември минатата година одобри испраќање на 25 чешки полицајци во Македонија.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите