Македонија
16. October 2016 - 12:34

Собир на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Борис Трајковски“

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска попладне голем собир ќе одржи ВМРО-ДПМНЕ на кој е најавено обраќање на лидерот на партијата Никола Груевски. 

Владејаката партија викендов организираше неколку јавни тематски трибини на кои учествуваа пратеници и членови на Владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Никола Тодоров во петокот најавувајќи ги настаните истакна дека нивната цел е да покажат дека продолжуваат да реализираат проекти и конкретни дела.

- Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чувство на одговорност кај граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други, рече Тодоров.