Свет
19. July 2015 - 10:23

Собир на Кју Клукс Кланот за „одбрана на знамето на Конфедерацијата“

Неколку десетици членови на расистичката десничарска група Кју Клукс Клан синоќа се собраа пред Парламентот на американската сојузна држава Јужна Каролина во градот Колумбија, за да протестираат против одлуката за забрана на истакнување на знамето на некогашната Конфедерација на американските држави од периодот на Граѓанската војна во САД во 60-те години на 19-от век.

Учесниците на протестот, од кои некои носеа обележја со кукасти крстови, пред зградата на Парламентот на Јужна Каролина го истакнаа знамето на Кофедерацијата.

Демонстраните се судрија со група учеснци на контра-митнинг на противниците на Кју Клукс Клан, при што интервенираше и полицијата за раздвојување на спротивставените страни.

Парламентот на Јужна Каролина на 10 јули донесе одлука за отстранување на знамето на Конфедерацијата од пред парламентарната зграда, како реакција на убиството на деветмина црнци во една црква во Чарлстон, од страна на 21-годишниот бел расист Дилан Руф. 

Пред да го изврши деветкратноот убиство, Руф се фотографирал со занемето на Конфедерацијата, кое за многумина Американци денес претсавува симбол на расизмот и ропството во државите од југот на САД.