Со воена парада Грција го одбележува денот „Охи“
Со воена парада во Солун во присуство на претседателот Прокопис Павлопулос, Грција денеска ќе го одбележи денот „Охи“ (Не), кој во земјата се празнува како национален празник.
- Тврдината Рупел и историјата поврзана со неа не учат дека големите идеали, кога имаат следбеници и одлучни поддржувачи и борци не умираат. И таа поука, која грчките вооружени сили секојдневно ја претвораат во дело при денешните критични состојби, претставува национален завет за сите Грци и најмногу за политичкото раководство на земјата, изјави Павлопулос.
Тврдината е најголемата по линијата „Метаксас“, наречена по грчкиот диктатор Јоанис Метаксас и таа преставува ланец од тврдини, замислени за заштита на Грција од напади за време на Втората светска војна.
Празнувањето на денот „Охи“ почна во понеделникот и вклучува различни манифестации, концерти и други настани.
На 28 октомври 1940 година Грција му кажа „не“ на ултиматумот на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, со кој побара на италијанските војници да им биде дозволен пристап на грчка територија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација