Македонија
14. January 2017 - 16:25

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва Горна и Долна маала во центарот на Вевчани се затвори завесата на уште едно издание на карневалот стар 1400 години.

Голем број на  маски инспирирани од актуелните случувања изминатата година продефилираа на отворената театарска сцена.

Многубројните гости пак од земјава и странство уживаа во вековната магија и автентичните обичаи.

Во Вевчани се повеќе се зголемуваат сместувачките капацитети и ангажирано се работи на развојот на туристичката туристичката понуда .

Вевчанци од денеска веќе почнуваат да размислуваат на какви маски ќе работат за следната година.

За вевчанскиот карневал нема пишано правило за тоа како треба да се организира, ниту пак сценарио по кое треба да се движат и целосно да се остваруваат поворките на василичарите, тој низ вековите, добивал во квалитет и побогата содржина.

Инаку Вевчани е атрактивно не само за карневалските денови туку и во текот на целата година.