Македонија
10. November 2015 - 13:50

ОН со уште 12,1 милиони долари помош за бегалците во Србија

Тим на ОН во Србија направи план за помош  на бегалците во зимски услови, се наведува во соопштението на Светската организација, пренесува БТА.

Досега тимот на ОН за Србија испорачал помош од речиси 3,8 милиони долари, а до крајот на годината е предвидена помош од уште 12,1 милиони долари. 

Планот на ОН за зимскиот период предвидува обезбедување храна, вода, медицинска помош и хуманитарна помош од облека и вреќи за спиење, како и техничка поддршка на српските власти за изградба на поширока база за прием на бегалци и мигранти.