Loading Video...
Ракомет
17. December 2017 - 17:20

Со три порази македонските кадети го завршија турнирот во Романија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со три порази го заврши својот настап на меѓународниот турнир за играчи од генерацијата 2000-та и помали, што се одржа во романскиот градот Васлуи. 

Откако беа совладани од Израел 27-29 и Романија 26-27, денеска избраниците на селекторот Брестовац загубија и од селекцијата на Украина со 32-25. 

Иако во првиот дел беа рамноправни, а на моменти и подобри од противникот сепак на паузата црвено-жолтите заминаа со еден гол негатива (14-15),. 

Во вториот дел украинските ракометари го засилија темпото во одбраната, па во 48.минута за прв пат направија и шест гола предност 26-20. Таквата предност нашите ракометари не можеаја да ја анулираат па на крајот загубија со 32-25. 

Инаку, настапот на овој турнир е во склоп на подготовките на нашата кадетска репрезентација за  ЕХФ Шампионатот што во јули 2018 година ќе се игра во Грузија, како и за Светското Првенство за оваа генерација што во текот на летото 2019 ќе се игра во Скопје.